Смислата на една слика се менува во зависност од нејзиниот контекст. За луѓето, разбирањето на една слика бара подигање на свеста за надворешниот свет.
Компјутерите пак, ги гледаат работите сосема поинаку. Кога вештачката интелигенција гледа слика, препознава низа предмети и обиди да се изгради контекст од површината па нагоре. Данското студио за кодирање „Støj“ покажува како изгледа сето ова, користејќи сцена од филмот „The Wolf of Wall Street“ како пример.
„За повеќето луѓе оваа задача бара малку напор, без оглед на тоа колку предмети може да бидат во различни големини, скали и ротации. Долго време овие задачи беа тешки за
компјутерите, меѓутоа неодамнешните случувања покажуваат импресивно подобрување на точноста и брзината, дури и при откривањето на повеќе објекти во иста слика“, велат од компанијата.
Компјутерите ги анализираат филмовите веќе некое време. Како што се подобруваат во тоа, тие ќе можат да бидат од поголема корист во реалниот свет иако се` уште не можат да прават сопствени филмови.