X
 11.01.2022 Живот

Ова се најдобрите и најлошите држави за работа за странци

Пандемијата принуди многумина од нас да направат големи промени во животот - без разлика дали станува збор за преселба на друго место, удомување куче или нешто друго. Но, дали некогаш сте размислувале да се преселите во друга земја?

Со многу истражувања направени на интернет, работењето во друга земја никогаш не било полесно. Неодамна терминот „дигитален номад“ стана многу популарен, па многу земји се обидуваат да привлечат такви луѓе.

Во секој случај, без разлика дали барате нова кариера или работите во компанија на која не ѝ е важно каде сте физички, изборот на вистинската локација е клучен доколку барате правилен баланс во животот.

Повикувајќи се на студија објавена од „Експат инсајдер“, која ги анализира условите во 59 земји, спроведена со оние што живееле во тие земји, најлошата земја за работа за странци е Турција. Следна, малку неочекувано, е Италија, а трета најлоша земја на ранг-листата е Кипар.

1
Фото:  Expat Insider’s Working Abroad Index

Најголем проблем во Турција е нестабилноста на локалната валута, па некои што отишле да работата во оваа земја всушност заработија многу помалку отколку што мислеле.

Исто така, во Турција дури 32 отсто од вработените се незадоволни од бројот на работни часови, што е двојно повеќе отколку на глобално ниво. Што се однесува до Италија, главно незадоволство е перспективата, а и економијата не е на завидно ниво.

Кога зборуваме за најдобрите земји за работа за странци, на прво место е една азиска земја - Тајван. Дури 81 отсто од вработените се задоволни од безбедноста на работата, а речиси 9 од 10 вработени изразуваат задоволство од економската состојба.

Исто така, испитаниците се задоволни од работното време. На второ и трето место се Нов Зеланд и Чешка, па ако не сакате да одите на крајот на светот, можете да се одлучите за работа во Прага.

Извор: b92.net | Euro News | Internations.org
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот