X
 11.02.2019 Култура

Кинески филм ги руши сите рекорди на гледаност

Првиот високобуџетен научнофантастичен филм од Кина - „Земја што лута“ ги руши сите рекорди на гледаност. По првиот ден на прикажување овој блокбастер во Кина заработил повеќе од 200 милиони долари.

„Земја што лута“ е приказна за епски проект на преселување на нашата планета и нејзините 3,5 милијарди жители во далечен систем на ѕвездите, во блиска иднина, за да се спречи проголтување од Сонцето кое умира.

Според процените од експертите, во период од 100 години нестабилното Сонце би можело да се прошири толку многу, што Земјата би исчезнала во неговата утроба, додека Сончевиот Систем не би имал шанси да преживее повеќе од три века.

Владите на најмоќните земји се обединуваат во обид да го решат проблемот - со помош на 10.000 огромни летала ќе ја исфрлат Земјата од орбитата и ќе ја однесат на пат од 4,2 светлосни години.

Јупитеровото гравитационо поле би требало да ѝ даде на нашата земја почетна брзина за таа да го напушти „соседството“, но поради дефект, Земјата останува заглавена покрај Јупитер и ѝ се заканува нова опасност.

Режисерот на филмот, Гуо Фан, истакнува дека овој филм се разликува од сите досегашни холивудски блокбастери за апокалипсата.

- Во многу филмови луѓето едноставно бегаат и ја напуштаат Земјата кога ќе се појави проблемот. Во нашата приказна и ние бегаме, но овој пат ја земаме нашата планета со нас. Основната порака во мојот филм е дека ова е наша планета и никогаш не треба да ја оставиме на цедило - порачува режисерот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура