X
 18.05.2017 Култура

Филмските грешки во легендарниот „Saving Private Ryan“

„Saving Private Ryan“ е филм од 1998 година чија приказна се случува за време на инвазијата на Нормандија во јуни 1944 година, во режија на Стивен Спилберг и Том Хенкс и Мет Дејмон во главната улога.

филмска грешка

Филмот освои 5 Оскари и Златен глобус за најдобар филм, а беше пофален поради реалистичниот начин на кој ја претстави битката.

Филмскиот магазин „Empire“ ја опиша сцената со слетувањето на американските сили на плажата Омаха како „најдобрата сцена на која е прикажана битка на сите времиња“.

Плажата Омаха беше името дадено на една од двете позиции каде американските сили слетаа во Нормандија на Денот Д, на 6 јуни 1944 година. Другата беше плажата Јута.

Дејството на местото на настанот е многу блиску до вистинските историски настани. Како што е прикажано во филмот, многу војници страдале од морска болест. Голем дел од нив биле застрелани уште пред да стигнат до брегот.

Спилберг сакал да им даде почит на оние кои се бореле, така што не сакал битката да изгледа романтично како на многу други воени филмови за Втората светска војна. Тој сакал да прикаже вистинско страдање и интензивни емоции кај војниците.

Сцената со слетувањето била тешка да се сними. Актерската екипа морала да биде воено обучена за сето тоа да изгледа како да го направиле вистински војници. Особено внимание било посветено на секоја ситница на униформите и сценографијата, како и на воената опрема.

Но, и овој филм не е поштеден од најсилните филмски критичари - публиката, па тие пронајдоа неколку грешки во овој филм.

1. Откако битката на плажата е освоена, капетанот Милер има нови наредби, па оди кај групата преведувачи и читачи на мапата за да го земе Упам.

1

Тој му вели да остави се` освен неговиот шлем. Збунет, Упам го удира шлемот и други работи од масата. Кога тој сфаќа дека зел погрешен шлем, се враќа и сите работи повторно се појавуваат на масата.

2 

2. Во битката во француското село Рамелес, Американците се соочуваат со голема германска војска. Два тигарски тенкови, два пантер тенкови и други работи. Без соодветни анти-тенковски оружја тие се принудени да користат лепливи бомби да го имобилизираат првиот тенк тигар и да го претворат во блок.

3

Кога војниците ги поставуваат бомбите на тркалата на тенкот, можете да забележите дека недостасува гума. Но, потаму во филмот, кога капетан Милер се обидува да го собори вториот тигар, и тој изгледа како првиот.

3. На крајот од филмот, капетан Милер умира, а војникот Рајан стои, запрепастен од она што се случило, додека до него е превртен шлем.

4

На следната фотографија, шлемот е превртен.

5

4. Откако капетан Милер слетува на плажата Омаха, за брзо време е покриен со крвава вода. Веднаш потоа, го гледаме Милер со чисто лице.

7

5. Кога мостот Рамел треба да биде одбранет, има војник кој се обидува да постави леплива бомба на тенк тигар. Тој оди до тенкот облечен во кремова униформа.

8

На следната фотографија неговата униформа менува боја и е зелена.

8

Кога ќе го погодат, повторно го гледате во зелена униформа.

6. На плажата, Милер клечи и зборува на радио. Еден војник пред пречката е погоден три или четири пати. На едната сцена се гледа раната, додека на другата раната исчезнала.

rajan

7. Пред да ја преземат кулата, Милер и неговата патрола разговараат за нивната стратегија за напад. Криејќи се позади грмушките, можете да го видите Џексон лево од Реибен.

9

Кога во кадар се појавува Џексон, тој е преместен позади Реибен.

8. Кога капетан Милер и неговите војници обезбедија безбедност на бункерот на плажата Омаха, тој му наредува на Џексон да се премести до кратер.

10

Џексон го бакнува неговиот крст, кој го доближува до устата со десна рака. Но, на следниот кадар, пушката е во таа рака.

11

9. Кога медицинското лице е погодено, можете да го забележите лажниот стомачен елек кој го носи.

12
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура