Најочекуваниот документарен филм во продукција на
Би-Би-Си конечно излезе пред јавноста.
Би-Би-Си го објави филмот под наслов „Руската хулиганска армија“. Тема е инцидентот од Марсеј што се случи минатата година на Европското првенство во Франција, кога 150 Руси брутално претепаа 3.000 англиски навивачи.
Границите на хулиганството се поместија на повисоко ниво. Светот сведочеше за настанот од минатата година кога добро организирана и повеќекратно помала група од руски хулигани, максимално истренирани и подготвени, безмилосно ги претепаа англиските навивачки групи, кои дотогаш беа синоним за хулиганство и бруталност.
Од тој ден, Англичаните заминаа во историјата, кога со раскрвавени глави бегаа пред налетот на Русите.
Затоа националната британска ТВ куќа одлучи да ја посети Русија и да направи документарец за новата хулиганска сила.
Би-Би-Си разговараше со водачите на некогашните најсилни руски групи, меѓу кои се и навивачите на Спартак, ЦСКА, Ростов... Соговорниците и самите учествувале во инцидентот од Марсеј, а на англиските новинари им објасниле како биле брутално нападнати на улиците на Марсеј.
Во филмот е прикажано и како се подготвуваат руските
хулигани за тепачка, поминувајќи часови и часови по теретаните, со закажани борби против други навивачки групи по ливади...
Еве го целиот филм: