X
 11.02.2019 Живот

Оживеана мачка што била замрзната и покриена со мраз

Постои изрека во медицината: Не си мртов додека си топол. Се чини дека ова важи и за мачките.

Минатата недела во горниот Среден Запад беснееше поларниот вител, а температурите паднаа под нулата и во Калиспел, Монтана. За жал, во текот на невремето мачката Флафи западнала во неволја. Нејзините сопственици ја пронашле покриена со дебели парчиња мраз и снег во близина на нивниот дом. Тие ја зеле и веднаш ја одвеле на ветеринар.

1
Фото: Animal Clinic of Kalispell


- Беше замрзната - изјави Андреа Датер, извршен директор на Клиниката за животни во Калиспел.

Нејзината телесна температура била под она што термометарот на клиниката можел да го прочита, 32 степени. Нормалната внатрешна телесна температура на мачките е 38 степени.

2
Фото: Animal Clinic of Kalispell


- Веднаш почнавме да ја загреваме. Топла вода, влошки за греење, топли крпи... во рок од еден час таа почна да грчи - рече Датер.

Флафи е мачка чувана во домашни услови која добро ја познава својата околина, вели Датер. Откако била одмрзната, ветеринарите откриле дека претрпела повреда што ја спречила да се врати во куќата, иако во моментот кога Флафи стигнала во клиниката главниот проблем бил тоа што била замрзната.

3
Фото: Animal Clinic of Kalispell

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот