X
 19.07.2022 Живот

Во Иран наскоро може да се забрани поседувањето домашни миленици

Во Техеран, главниот град на Иран, не се препорачува прошетка со домашен миленик бидејќи може да бидете уапсени. Според полицијата, шетањето куче во парковите е криминал, пренесува Би-би-си. Оваа забрана е претставена како мерка за заштита на безбедноста на јавноста.

Истовремено, иранскиот парламент наскоро може да одобри закон со кој ќе се забрани поседувањето домашни миленици. Според предлог-законот, жителите ќе треба да извадат посебна дозвола за да поседуваат домашен миленик, а дозволата ќе се доделува од специјален комитет.

Освен тоа, се предвидува и миминална казна од 800 долари за увоз, купување, продажба, превезување и грижа за многу домашни животни како мачки, желки и зајаци.


Фото: Pixabay

Ветеринарот Пајам Мохеби открил дека дебатата за законот започнала пред една деценија, кога група членови на парламентот се обиделе да промовираат закон за конфискација на сите кучиња и нивно подарување на зоолошките или оставање во пустините. Со текот на годините планот се менувал.

Според исламската традиција, животните се сметаат за нечисти, а во очите на новиот режим тие се и симбол на „западизација“. Во Техеран има таканаречени „затвори“ за кучињата што ќе бидат заробени при апсење на нивниот сопственик.

Истовремено, властите го забрануваат увозот на храна за домашни миленици во рамките на економските мерки за зачувување на резервите во странски валути. Затоа, сопствениците на домашни миленици зависат од продавачи кои нелегално ја увезуваат храната, а како резултат на тоа, овие производи се многу поскапи од порано.

Во новиот закон не се вклучени само кучињата, туку и мачките, па дури и крокодилите. Ова се случува и покрај тоа што Иран е место на потекло на познатите персиски мачки.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот