Мачка-херој ѝ го спасила животот на нејзината сопственичка удирајќи ја по градите за да ја разбуди
Сем Фелстид, која има 42 години, била заспана кога ја разбудила нејзината седумгодишна мачка Били во 4:30 наутро. Таа сфатила дека не може да го движи телото и има силна болка на десната страна, па ѝ се јавила на мајка си за да побара помош.
Во болницата докторите ѝ кажале дека имала срцев удар додека спиела. Сем верува дека будењето од страна на мачката ѝ го спасило животот. Таа немала никакви симптоми претходно.
- Одеднаш се разбудив во пот и не можев да се движам. Били беше на моите гради и гласно мјаукаше - изјавила Фелстид.
Според неа, мачката обично не мјаука, туку спие во текот на денот и ноќта.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија:
Twitter