X
 11.02.2020 Живот

Одржана работилницата ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус + програмата“

На УКЛО се одржа работилницата на тема ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус + програмата“. Станува збор за уште еден во низата настани и активности што УКЛО ги реализира во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. И најновиот настан во форма на работилница овозможи да се разгледаат можностите од Еразмус + програмата.

На настанот од страна на УКЛО учество зедоа продекани за меѓународна соработка и за настава, ERASMUS+координатори, академски кадри и студенти кои покажаа интерес за новините и начините за поголемо искористување на можностите во оваа европска образовна програма, во контекст на најновиот повик за аплицирање во клучните акции поврзани со академската мобилност и развивање на капацитетите за изработка на ЕУ-проекти.

1

Проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски, институционален Еразмус+ координатор на УКЛО, оценува дека преку одржувањето на овие активности се отвора прозорецот на повеќе информации до сите професори и студенти на Универзитетот, што е во функција на подигнување на капацитети на УКЛО во наредниот период. Особено е важно покрај навремената информација да се дадат алатките во рацете на академскиот кадар во функција на зголемување на чекирање на капацитетите, со што индиректно се влијание врз општеството и нејзиниот процес на реформи и економска консолидација, нагласува проректорот Ѓуровски.

2

Тој најави дополнителни настани и активности меѓу кои инфо-денови и тренинг-обуки на единиците поврзани со Програмата во насока на нејзина поголема промоција и приближување до непосредните корисници: студентите и професорите, тој најави и изработка на стратегија за интернационализација на Универзитетот и подобрување на видливоста на УКЛО. Претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, координатор за високо образование, Астрит Беџети, ги претстави можностите од Програмата заедно со зголемениот буџет. Во рамки на работилницата беа претставени интересни искуствата од реализирани академски и студентски мобилности, при што се истакнати предностите и бенефитите од Еразмус + програмата.


Во рамките на работилницата беа претставени презентации од академски кадри и студенти. Презентациите на наставниот кадар беа во функција на науката и истражувањето, додека студентите фокусот го ставија на придобивките од Програмата, меѓу кои и: запознавањето нови простори и луѓе, други културни милјеа и проширување на хоризонтите. Воедно, на работилницата не беа заобиколени ниту одредените проблеми на кои наидуваат за време на реализација на мобилноста поради ненавремената исплата на финансиските средства кои ги добиваат за мобилност произлезени од административни бариери од дел од македонските државни институции.

Работилницата ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус + програмата“ со претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се очекува да ги поттикне и академскиот кадар и студентите од УКЛО на поголема мобилност и размена, како императиви на современото образовани.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот