X
 21.10.2020 Живот

93-годишна жена од Вирџинија доби диплома за завршено средно образование

Иако денес може да звучи многу чудно дека некој не завршил факултет или средно, тоа не е толку невообичаено кога станува збор за претходните генерации, особено оние од почетокот на 20 век.

93-годишната Ејлин Делејни од Вирџинија била една од многуте што не успеале да го завршат средното образование во нејзино време. Но, неодамна тоа се променило. За нејзиниот 93. роденден таа добила изненадување - подарок во форма на средношколска диплома од училиштето каде што учела пред 75 години.

1

Ајлин конечно добила средношколска диплома од училиштето „Порт Ричмонд“ каде што учела, но, за жал, била принудена да се откаже за да се вработи и да помогне во плаќањето на сметките. Нејзината мајка починала кога Ајлин имала 12 години, а нејзиниот татко се преженил кога таа имала 14 години. Бидејќи немале пари, нејзината маќеа ја натерала да најде работа, па така Ајлин се вработила во „Њујорк телефон компани“ - работа во која уживала. Иако тогаш не завршила средно, Ајлин редовно одржувала контакт со сите нејзини соученици.

Нејзината ќерка Морин одлучила да го направи нејзиниот 93. роденден посебен, контактирајќи го училиштето за да ѝ издаде диплома на Ајлин.

2

Ајлин била прилично изненадена - таа не ни сонувала дека ќе добие диплома за нејзиниот роденден.

Извор: Bored Panda
Фото:  Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот