Ова лето новиот музеј „Ханс Кристијан Андерсен“ ќе биде отворен во Оденсе, Данска. Музејот ќе ја раскажува приказната за животот и делото на Андерсен.
Данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен е меѓу најпознатите и најчитани автори во светската историја, воодушевувајќи со своите фантастични бајки. Неговите приказни ќе служат како основа за сосема нов вид музеј кој нема да раскажува за Андерсен, туку ќе биде Андерсен.
- Мораме да се нурнеме во бајките бидејќи тие се она што секој го знае. Идејата не е да се прераскажат приказните, туку да се пренесе нивната блискост и да се инспирира понатамошно читање на
Андерсен - вели Торбен Гренгард Јепсен, раководител на градските музеи во Оденсе.
Визијата за музејот треба да создаде целосно уметничко искуство во кое архитектурата, звукот, светлината и протокот на слики постојано ќе поттикнуваат нови средби помеѓу секој посетител и бајките на Андерсен.
- Уметничкиот универзум на Андерсен е фантастичен бидејќи го менува начинот на кој го замислувате овој свет, за кој мислевте дека сте го знаеле. Неговите бајки не упатуваат на универзалната вистина, туку на отворено - кон посебноста на светот - објаснува креативниот директор на новиот музеј, Хенрик Либкер.
Новиот музеј е дизајниран од ценетиот јапонски архитект Кенго Кума и неговиот тим, кои исто така стојат зад новиот олимписки стадион во Токио. Како дел од дизајнерскиот процес, Кума пронашол инспирација токму од една од бајките на Андерсен наречена „The Tinderbox“, во која дрво открива подземен свет полн со нови перспективи.
- Идејата на архитектонскиот дизајн личеше на методот на Андерсен, каде што мал свет одеднаш се шири во поголем универзум - објаснува Кенго Кума.
Музејот зафаќа површина од 5.600 квадратни метри и содржи куќа за деца и подземен музеј, кои се преплетуваат со околната волшебна градина.
Новиот музеј ќе биде еден од најголемите и најамбициозни во Данска.
Неколку интересни факти за данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен:
Данскиот автор бил роден во Оденсе, на островот Фин, на 2 април 1805 година. Починал во 1875 година, а бил погребан на гробиштата „Асистенс“ во Копенхаген.
Во текот на животот патувал многу низ Данска, Европа, а стигнал дури до Мароко. Неговата љубов кон патувањето ја опишал со следните зборови: „Да патуваш, значи да живееш“ во неговата автобиографија „Бајката за мојот живот“ напишана во 1855 година.
Негови најпознати дела се „Снежана и седумте џуџиња“, „Грдото пајче“, „Царевата нова облека“, „Славејот“, „Принцезата на зрно грашок“, „Малата сирена“, „Палче“ и „Девојчето со кибритчињата“.
Дизни-филмовите „Малата сирена“, „Царевата нова облека“ и „Снежно кралство“ биле инспирирани од бајките на Ханс Кристијан Андерсен.
Забавниот парк „Тиволи гарденс“ во Копенхаген е местото каде Андерсен ја нашол својата инспирација за бајката „Славејот“, која почнува со описот инспириран од Тиволи.
Извор:
Ecophiles.com
Фото: Kengo Kuma & Associates, Cornelius Vöge, MASU planning/ The H.C. Andersen Garden