X
 05.03.2018 Култура

Современа контроверзија поврзана со античката хомосексуалност

kniga

Ова е можеби првиот академски учебник што ги „поздравил“ масите преку медиумот на стрипот на Гари Трудо, „Донесбери“. Во серијата стрипови во јуни 1994 година, застарениот геј-лик Марк Слакмејер се обидува да пронајде фундаменталистички христијанин и да му каже дека црквата, веќе еден век, извршува церемонии за хомосексуални бракови. „Каде слушнавте такво ѓубре?“, прашува човекот.

„Станува збор за нова книга од професор на ’Јеил‘“, одговара Слакмејер. „Неговото истражување покажало литургии за истополови церемонии што вклучувале заедници, свети привилегии и бакнувања за да го означат обединувањето. Тие биле исти како и хетеросексуалните церемонии, освен што хетеросексуалните свадби, бидејќи главно биле поттикнати од имотите, се одржувале на отворено. Хомосексуалните обреди, кои обично биле поттикнати од љубовта, се одржувале внатре, во самата црква“.

Таа недела најмалку два весника во Илиноис одбиле да ги испечатат стриповите. Ако стриповите предизвикале контроверзија, тогаш книгата „Истополови унии во премодерна Европа“ предизвикала бес и во рамките на академската заедница и надвор од неа. Нејзиниот автор, научникот Џон Истбурн Босел, познат како Џеб, починал шест месеци по објавувањето на комичниот стрип, на 47-годишна возраст, од компликации поврзани со сида.

Во 20 години на „Јеил“, работата на Бозвел како историчар успеала да ги поткопа самите темели на современата хомофобија. Во неговата книга „Христијанството, социјалната толеранција и хомосексуалноста: Хомосексуалците во Западна Европа од почетокот на христијанската ера до 14 век“, забележува дека геј-луѓето биле предмет на јавни непријателства и разни граѓански ограничувања, сите со навидум религиозна оправданост. Меѓутоа, делото на Бозвел сугерира дека оваа религиозна оправданост всушност била лажна.

Книгата тврди дека Римокатоличката црква не секогаш била непријателски настроена кон геј-луѓето. Во 12 век сметала дека хомосексуалноста не е полоша од лицемерието. Сепак, критичарите сметаат дека и покрај вниманието посветено на деталите, книгата е неуспешен обид на Бозвел, кој бил хомосексуалец и католик, да постави два аспекти на неговиот идентитет за кои сметал дека нема да можат да се мешаат.

Многумина ја сметаат книгата како шанса за пресметка - Бозвел ѝ дава на црквата можност да ја пречека геј-заедницата.

„Христијанство, социјална толеранција и хомосексуалност“ е книга од 442 страници низ 1.000 години хомосексуална историја. Доволно истражувана, скока од земја во земја, од пример во пример, наведувајќи примери за љубовта помеѓу мажи и генерализирани случаи на општества во кои сексот помеѓу мажите е сосема нормализиран.

Бозвел поминува извесно време прикажувајќи ја врската меѓу Аусониј од 4 век, римски поет кој живее во Бордо, Франција, и неговиот ученик св. Паулинус, подоцна епископот Нолски. Без разлика дали односот е физички, нивната страсна наклонетост го надминува обичното платонско пријателство.

Бозвел градел пример по пример на хомосексуална љубов и секс во раниот христијански свет во текот на речиси 1.000 години. Имало повремени закони против нив, меѓутоа, тие обично не биле религиозни, туку граѓански, каде што хомосексуалните акти биле казнети како начин за зголемување на даночната каса.

Во 80-тите години на 20 век, во време кога законите против содомијата останале во многу американски држави, книгата претставувала бомба - особено за католиците. Америка во тоа време сè уште била место на екстремна хомофобија и предрасуди. Во 1978 година геј-политичарот Харви Милк бил убиен во Сан Франциско.

Денес, Бозвел е запомнет по две работи - од оние што не го познавале, за неговиот придонес во неговото поле; и од оние што го познавале, за неговата непоколеблива љубезност и великодушност. Видеото од Бозвел од 1986 година покажува човек кој некогаш бил брилијантно харизматичен.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура