Минатата година сведочевме на неверојатен небесен настан - Јупитер и Сатурн изгледаа неверојатно блиску. Само неколку месеци подоцна, Јупитер ќе ѝ се приближи на друга планета на небото.
Јупитер треба да биде
блиску до Меркур на 5 март годинава. На овој ден најголемата планета во нашиот Сончев Систем и најмалата ќе бидат видливо блиску на нашето небо.
Меркур е мала планета и се наоѓа блиску до Сонцето, па обично е тешка за забележување. На 5 март можеби ќе имате подобра среќа. Јупитер е голем и светол, па кога ќе го најдете него, погледнете лево. Најблиската ѕвезда лево од Јупитер ќе биде Меркур.
Двете планети ќе бидат најблиску една до друга на 5 март, кога би требало да се гледаат и со голо око над источниот хоризонт. Јупитер и Меркур ќе бидат блиску една до друга и во деновите околу 5 март.
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Pixabay