Во редок астрономски настан, на набљудувачите на ѕвездите август им понуди можност да видат неверојатна полна сина месечина, која е исто така и супермесечина.
Што е сина месечина?
Терминот сина месечина не се однесува на бојата на месечината, туку на нејзината фреквенција. Сина месечина е име дадено на втората полна месечина што се случува во рамките на еден календарски месец.
Бидејќи полна месечина обично се појавува на секои 29 дена и бидејќи повеќето месеци се подолги од ова, опфаќаат 30 или 31 ден, можно е повремено да се појават две полни месечини во истиот месец.
Извор:
Washington Post
Фото:
Twitter