„Кометата на годината“ станува посветла. Во пресрет на целосното затемнување на Сонцето и ненадејните сончеви „супербури“, се чини дека поголема е веројатноста дека ќе видиме и комета со голо око подоцна оваа година на вечерното небо.
Кометата „Цучиншан-АТЛАС“ (C/2023 A3) сега станува посветла и ѝ расте опашка.
Патувајќи меѓу орбитите на Марс и Јупитер, кометата А3 може да се набљудува само со голем телескоп. Се наоѓа во соѕвездието Девица.
Кометите што се видливи со голо око тешко е да се предвидат однапред, но се очекува оваа комета да свети значително во текот на октомври и да стане светла како Венера. Токму тоа ќе ја направи комета на годината, а можеби и комета на векот.
Кометата беше откриена во февруари 2023 година од астрономите.
Кога и каде можете да ја видите кометата?
Перихелот на кометата, нејзиното најблиско приближување до Сонцето, ќе се случи на 10 октомври 2024 година. Од северната хемисфера ќе биде најлесно да се види кометата, а ќе биде видлива на југозапад веднаш по зајдисонце. Ако е видлива со голо око, тогаш кометата ќе биде навистина посебна глетка за набљудувачите на небото низ светот.
Извор:
Forbes.com
Фото:
Twitter