X
 11.03.2019 Образование

Панел за талентирани деца денеска во Скопје

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со интернет-порталот Факултети.мк организира панел-дискусија на тема „Развој и поддршка на талентирани деца“, денеска, во 10 часот во хотелот „Хилтон дабл три“ во Скопје.

Целта на дискусијата е да се иницира процес преку кој ќе се идентификува постојната ситуација во државата во насока на обезбедување соодветна поддршка за развој на талентираните деца.

На настанот ќе се обратат Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во нашата земја, Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, и Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование