Марио Салкедо живее на бродови за крстосување веќе 20 години. Тој порано бил директор за финансии на мултинационална компанија, но веќе две децении патува низ светот и повеќе живее во хотелски соби отколку во својот дом во Мајами.
Салкедо заминал предвреме во пензија во 1997 година поради премногу стрес. Тогаш одлучил да продолжи да патува и почнал да живее на бродови за крстосување. Освен последните 15 месеци, кога поради пандемијата биле прекинати крстосувањата, Салкедо живее на брод поголемиот дел од времето во последните 20 години.
- Не морам да го фрлам ѓубрето, не морам да чистам, не морам да ја перам облеката. Ги елиминирав сите активности без додадена вредност, па на располагање го имам целото време на светот за работите во кои уживам - изјавил тој.
Салкедо се смета за најсреќниот човек на светот. Досега бил на над 500 брода за крстосување, а неговиот прекар е Супер Марио.
Престојот на бродовите го финансира од својата заштеда, но и од парите што ги заработува неговата фирма која управува со инвестициски портфолија на одбрана група клиенти.
Извор.
Pun kufer
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)