X
 11.03.2023 Политика

Како изгледа границата помеѓу Северна и Јужна Кореја?

Патувачкиот блогер и авантурист Роберт Дачешин од Босна и Херцеговина ја посетил границата меѓу Северна и Јужна Кореја и на своите следбеници им го опишал необичното патување.

- Можеби не сте знаеле, но Северна и Јужна Кореја сè уште се во војна, а во ова видео ќе ви покажам како изгледа границата на овие две земји, секако, една од најопасните граници во целиот свет - вели тој во видео на „Јутјуб“.

Во 1910 година Јапонија ја колонизирала Кореја, а по поразот на Јапонија во Втората светска војна, Кореја ја протерува Јапонија од земјата и се дели на два дела: комунистички север и капиталистички југ. Ова единство траело само пет години бидејќи веќе во 1950 година имало војна меѓу двете Кореи.

Таа година Северна Кореја ја нападнала Јужна Кореја со цел да ја обедини земјата и да воспостави комунистички режим на целиот полуостров, а овој настан го претставува почетокот на Корејската војна, која траела до 1953 година.

- Ова е само мал вовед во приказната што се случи подоцна, а во ова видео ќе ви покажам како денес изгледа познатата зона ДМЗ, појасот долг 250 километри што ги дели Северна и Јужна Кореја и ќе ви откријам неколку интересни факти за ова место - напишал Дачешин во описот на видеото.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика