X
 11.03.2023 Наука

Создаден суперспроводник кој би можел да го промени светот

Научниците создале нов материјал кој би можел да го промени светот. Станува збор за материјал со способност за суперспроводливост кој функционира на доволно ниски температури.

Повеќе од еден век научниците се обидувале да најдат ваков материјал кој може да пренесува струја без отпор. Ова откритие би можело да доведе до создавање енергетски мрежи кои беспрекорно пренесуваат енергија, со што би се зачувувала енергијата која моментално се губи поради отпорноста.

Откритието може да има примена и во полето на нуклеарната фузија, процес со кој би можел да се создава бесконечна енергија. Материјалот би можел да биде применет и во брзите возови, како и во областа на здравството.

Истражувачите биле водени од научникот Ранга Дијас, а новиот материјал е опишан во нивен труд објавен во списанието „Нејчр“.

Материјалот има црвена боја, а бил направен со мешање на реткиот метал лутециум, водород и малку азот. Состојките биле оставени да реагираат на висока температура неколку дена. Добиениот материјал станал суперспроводник откако бил под дејство на многу висок притисок. За да функционира, тој треба да се чува на температура од 20,5 Целзиусови степени.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука