X
 23.09.2022 Живот

Шведска ги затвора црквите и сауните за да ја намали потрошувачката на струја

Шведска ги затвора црквите и сауните во многу градови во обид да ја намали потрошувачката на електрична енергија оваа зима.

Андреас Мансон, инженер кој ги надгледува енергетските потреби на црквата во епархијата Лунд, вели дека од 150 до 540 цркви во областа ќе бидат целосно или делумно затворени оваа зима како дел од напорите Шведска да ја намали потрошувачката на електрична енергија.

- Нема сомнеж дека греењето е најголемиот трошок, многу згради имаат прилично лоша изолација - изјави тој.

Оние цркви што ќе останат отворени ќе го намалат греењето за да заштедат енергија.

Во рамките на мерките за штедење ќе бидат затворени сауните и загреаните базени, а дел ќе работат и со намалена температура.

Во Малме, на пример, градскиот совет планира целосно да ги затвори базените или да ја намали температурата во нив.

Исто така, шведската Влада побара од државните власти во 200 шведски општини да ја намалат потрошувачката на електрична енергија непосредно пред доаѓањето на зимските месеци.

Кашајар Фарманбар, шведски министер за енергетика, ја истакна важноста целото општество да придонесе за намалување на потрошувачката на енергија.

Европските земји преземаат различни мерки за ограничување на употребата на енергија во услови на раст на цените на електрична енергија и на природниот гас. Зголемувањето на цените делумно беше предизвикано од заканата на Русија дека целосно ќе го прекине снабдувањето со гас за Европа како одговор на западните санкции поради војната во Украина.

Извор: Aa.com.tr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот