X
 15.09.2022 Економија

Романски град ќе им плаќа дел од сметките за струја на граѓаните

Градоначалникот на романскиот град Фокшани, Кристи Мисаила, најавил дека градот ќе покрива дел од сметките за струја на граѓаните.

Тој објаснил дека сметките за струја на граѓаните ќе бидат ограничени на 58 евра за гигакалориja (1.162 киловат-часа), што е количество енергија која му е потребна на просечен дом за две недели.

Градот ќе ги покрива трошоците за дополнителната електрична енергија што ќе биде потрошена од жителите. Градоначалникот открил дека властите издвоиле околу 2,4 милиона евра за финансирање на програмата.

Освен тоа, градот доделува и субвенции за електрична енергија наменети за домаќинства со ниски приходи, кои ќе продолжат да се доделуваат.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија