X
 11.03.2024 Економија

Биткоинот достигна историски највисоко ниво

Цените на биткоинот денеска се искачија на ново, историски највисоко ниво преминувајќи ја границата од 72.200 долари, откако британскиот финансиски регулатор соопшти дека ќе им овозможи на тамошните берзи првпат да тргуваат со производи поврзани со криптовалути.

Според податоците на веб-страницата за крипторазмена на Binance, цената на биткоинот денеска во 12:50 часот накратко достигна вредност од 72.214,7 долари.

Британскиот регулатор објави во соопштение дека нема да се спротивстави на барањата од признати инвестициски берзи во Велика Британија за тргување со должнички хартии од вредност (ETN) кои ја следат цената на криптовалутите, пренесува Си-ен-би-си.

Берзите треба да обезбедат соодветна заштита на професионалните инвеститори во овој сегмент од трговијата, се нагласува во соопштението.

Вредноста на биткоинот во последно време постојано расте, а во петокот првпат ја премина границата од 70.000 долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија