X
 03.12.2017 Технологија

Најбогатите луѓе од ИТ-секторот изгубија многу пари преку ноќ


Џеф Безос
(Фото: Getty images)


Мултимилијардерите кои стојат зад најуспешните ИТ-компании како „Фејсбук“, „Амазон“ и „Алфабет“ овие денови доживеале вистински шок, поради паѓањето на индексот NASDAQ-100, пазарниот индекс на вредноста.

Ова е најголемиот пад во последните три месеци, а најмногу го почувствуваа најбогатите луѓе од ИТ-секторот. Овие гиганти изгубиле вкупно 7,6 милијарди долари од своите богатства. Изненадувачкот пад на вредноста на индексот се случил по вонредно успешниот „Блек фрајдеј“ – празникот на купувачката, кој го „промовираше“ соственикот на „Амазон“, Џеф Безос, во најбогат човек на планетата. На негово жалење, рекордот бил со краток век. Неговото богатство е намалено за 2,5 милијарди долари, па така моментално поседува „само“ 97,5 милијарди.

Овие денови најтажен дефинитивно е Марк Закерберг, затоа што токму тој најмногу настрада. Неговиот имот е намален за 2,9 милијарди долари. Тука некаде се и сопствениците на „Алфабет“, Сергеј Брин и Лари Пејџ, кои изгубиле по една милијарда долари, додека сопственикот на „Нетфликс“ изгубил „смешен“ износ од околу 133 милиони долари.

Како се случи падот на вредноста на најуспешните ИТ-компании?

Причините се од политичка природа. Републиканците сакаат да донесат закон со кој ќе го променат данокот за акции на технолошките компании. Моментално истиот изнесува 18,5 проценти, но се очекува значајна промена, што влијаело врз шпекулативните активности на пазарот, И додека „Амазон“ по успешниот „Црн петок“ со нетрпение ја очекува божиќната шопинг-хистерија, другите немаат премногу причини за оптимизам. „Гугл“ се наоѓа среде многубројни парници при што може да изгуби десет пати повеќе пари отколку што изгуби сега.

Ниту на Марк Закерберг не му „цветаат ИТ-рози“. Сепак, неговите проблеми се минорни и главно се сведуваат на борба со конкуренцијата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија