X
 27.01.2015 Култура

Колку вреди еден Оскар?

Освојувањето на Оскар е бесценето. Кога веќе зборуваме за Оскари, самата номинација е бесценета.

Но, доколку сакате да ја продатете самата статуетка, тогаш цената е фиксна. Уште од 1950 година, Академијата ги натера добитниците на Оскари да потпишат договор во кој пишува дека ниту тие, ниту пак нивните наследници нема да се обидат да ја продадат статуетката на отворен пазар.

Доколку некој од добитниците одлучи дека не ја сака статуетката, тогаш тој е законски обврзан најпрво да и` ја понуди на Академијата. Но, замената за неа е ужасна. Според договорот, сопственикот добива само 1 долар надомест.

Интересно е тоа што постои одлична можност за оние кои собираат вакви работи и сакаат се` што е поврзано со филмот - во договорот не влегуваат Оскарите пред 1950 година. Раните Оскари добивале милионски суми на аукциите, а некогаш достигнувале и повеќе. Во 1999 година, аукциската куќа „Sotheby's“ се збогати 1.5 милион долари откако го продаде Оскарот на филмот „Gone with the wind“, кој ја освои наградата за најдобар филм во 1940 година. Купувачот? Мајкл Џексон.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура