Со намера да ги потиснат спамерите, од „Твитер“ дополнително го намалија бројот на профили што може да се заследат во текот на еден ден од 1.000 на 400. Со тоа тие сакаат да ја обесхрабрат практиката на масовно заследување и отследување кога корисникот ќе добие повеќе следбеници.
Така, отсега важат нови правила, па ако во еден ден заследите 400 профили, ќе добиете порака дека веќе не можете никого да заследите. Но, тоа не се однесува на проверените профили (Verified accounts), кои, за разлика од нас смртниците, и понатаму ќе можат да заследуваат до 1.000 нови корисници дневно.
Од „Твитер“ го ограничија и вкупниот број на профили што можете да ги следите на 5.000. Ако сакате да следите повеќе, ќе мора да го зголемите бројот на луѓе што ве
следат.