X
 30.08.2017 Живот

На социјалните мрежи најгласни критичари се оние што немаат самодоверба

Социјалните мрежи се многу интересни. Тоа што имам голем број следбеници на социјалните мрежи ме научи на многу важни лекции, особено кога се работи за критики.

Доживувањето негативни критики во голем број случаи ме доведе до тоа да не ги забележувам повеќе и ме научи дека луѓето што не се сигурни во себе воедно се и најгласните критичари. Несигурните луѓе зборуваат најлошо. Тоа едноставно е така.

Им смета кога ќе видат успешни луѓе и затоа што не се задоволни од сопствената ситуација, мора да се обидат да кажат нешто за да го тргнат вниманието од таа личност. Сигурните, среќните и самоуверените личности немаат време да ги критизираат другите. Тие се премногу зафатени со работењето на себе, на својот успех и помагањето на другите да го постигнат истото.

Значи, кога следниот пат некој ќе ве затрупа со ѓубре во своите коментари, треба само да препознаете дека тој во себе длабоко се лути на себеси, а не на вас.

На крајот од денот таквите луѓе ми даваат уште поголема мотивација, така што не се лутам кога некој ме мрази. Едноставно, јас станувам уште помотивиран. Им дозволувам да ме критизираат, а јас продолжувам со својот успех, со што разликата меѓу нас станува сè поголема.

Како излегувам накрај со хејтерите? Не го правам тоа. Не им дозволувам со нивната негативна енергија да влезат во мојот простор. Само продолжувам да го живеам својот живот. Исто така, нивните коментари се убави потсетници да продолжам уште посилно затоа што очигледно мојот успех многу ги вознемирува.


Нимаи Делгадо, веган, бодибилдер
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот