X
 11.05.2021 Наука

Откриен нов вид поларна светлина

Тогаш кога мислиме дека знаеме сè за одреден природен феномен, природата наоѓа начин да нè изненади. Таков е случајот со природниот феномен аурора бореалис. Физичари од Универзитетот на Ајова откриле нов вид поларна светлина во видео старо речиси две децении.

Истражувачите препознале дел од поларната светлина во облик на слаб сјај кој ја придружувал живописната светлина што обично се забележува за време на аурора бореалис. Новооткриената светлина станува послаба и потоа повторно се појавува за време на феноменот. Научниците ја нарекле оваа светлина „расејувачки аурорен бришач“ (англ. diffuse auroral eraser).


Алисон Џејнс, еден од авторите на истражувањето, вели дека допрва треба да се истражи дали новооткриената светлина е чест феномен или е ретка појава.

- Знаењето дека постојат значи дека има процес што ги создава и тоа можеби е процес кој сè уште не се истражувал бидејќи не сме знаеле дека постои сè досега - изјавила Џејнс.

Поларната светлина се јавува кога наелектризирани честички од сонцето доаѓаат во контакт со магнетниот меур на Земјата, притоа бегајќи и паѓајќи кон нашата планета. Енергијата што се испушта за време на овој контакт со гасовите во атмосферата на Земјата создава прекрасна светлина која е позната како поларна светлина.

Автор: Лукиа Пападопулос
Извор: interestingengineering.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука