X
 23.03.2017 Култура

Кинески археолози открија големо богатство во Сечуан


Потонат брод
(Фото: Thinkstock)

Во бродовите кои се откриени на дното од река во југозападната кинеска провинција Сечуан, археолозите открија заборавено богатство.

Директорот на институтот за археолошки истражувања, Гао Далун, изјави дека од дното на реката се извадени повеќе од 10.000 златници, сребрени и бронзени предмети, бесценети камења, сабји, ножеви и други оружја и орудија, објави агенцијата Анадолија.

Археолошкото наоѓалиште е сместено на околу 50 километри јужно од градот Ченгду на дното на реката Минџанг и тоа на местото каде во неа се влива притоката Џинџијанг.

Се претпоставува дека се работи за богатството што востаникот Жанг Сијанжонг се обидел со чамци да го префрли на југ, откако бил поразен во 1646 година од силите на династијата Минг. Некои историски извори тврдат дека во таа прилика потонале повеќе од илјада чамци натоварени со богатства.

Археолозите почнале да вршат ископување на речното дно со доаѓањето на сушниот период во јануари. „Овие предмети се многу значајни и вредни за науката, историјата и уметноста и ќе придонесат за подобро разбирање на животот за време на динстијата Минг“, истакна археологот Ли Бокиан.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура