„Селдрон сурвејор СД 1200“, најголемиот брод за мапирање на океаните во светот, откри претходно непозната подводна планина која е повисока од „Бурџ Халифа“ - највисоката зграда на планетата.
Се проценува дека само околу 5 отсто од светските океани се истражени, а мисијата има цел да помогне во создавањето мапа на дното на дел од Тихиот Океан. Бродот веќе скенирал над 45.000 квадратни километри морска површина покрај американскиот брег.
За време на неговото последно мерење во близина на брегот на Калифорнија, била откриена претходно непозната подводна планина со височина од околу 1.000 метри. Таа е повисока од „Бурџ Халифа“ во Дубаи, која има 828 метри.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија:
Saildrone