Нови фосили кои датираат од пред повеќе од половина милијарда години се пронајдени од страна на научниците. Се работи за најрани форми на комплексен живот на Земјата, а можат да содржат и информации за почетоците на еволуцијата на нашата планета.
фото извор: University of Manchester
Познати се уште и како фосили-траги, кои се остатоци од живи организми. Потекнуваат од пред 555-542 милиони години, од периодот пред Камбриската експлозија – клучно време во историјата на Земјата каде што многу од групите животни можат да бидат следени.
Фосилите се пронајдени во карпи, а се ископани од седименти пронајдени во регионот Корумба, во западен Бразил. Големи се од 50 до 600 микрометри. За да ги пронајдат фосилите, научниците користеле техника наречена микро-томографија со х-зраци, со која се скенира и анализира внатрешноста на предметите во 3Д, без да има потреба да се отворат, за да не се оштетат фосилите.
Откриено е дека комплексни животни живееле пред 550 милиони години, со мускулна контрола, но можеби биле занемарени бидејќи биле мали. Експертите направиле споредба со модерните дождовни црви и истакнуваат дека многу е веројатно да се работи за првите организми со способност за движење. Овие животни уште се сметаат за билатерални, бидејќи имаат препознатлива глава, опашка, грб, стомак, лева и десна страна и се верува дека постоеле во раната историја. Ова
откритие ги потврдува теориите на научниците.
Ако бидат пронајдени уште вакви слични
фосили, експертите ќе можат да претстават подобра и појасна слика за тоа каков бил животот пред половина милијарда години.