X
 11.05.2022 Живот

Нова рунда преговори помеѓу СОНК и МОН

Денеска започна новата рунда преговори помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) за усогласување на платите на вработените во  основно и средно образование, откако последните средби не донесоа поместување на ставовите. Истовремено, на средбата се очекува да се дефинираат крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

СОНК и МОН на 8 мај се договорија да ги продолжат преговорите за уште десет дена. Тогаш беше заклучено дека е потребно дополнително време за преговарање, под медијаторство на назначениот помирувач од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решавање работни спорови. 

Штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување откако десетина дена немаше настава, а во меѓувреме МОН излезе со предлог од 12 отсто покачување на платите, што членството на Синдикатот не го прифати. Тие се согласија штрајкот да престане додека не се најде адекватно решение кое доколку не биде договорено остава простор штрајкот да се реактивира.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот