X
 11.06.2016 Технологија

Најдобрите иноватори на автомобили за оваа година

Големата надеж и желбата на било која старт-ап компанија е да привлече нови инвеститори.

 

автомобили


Транспортот и технологијата продолжуваат да се менуваат - луѓето позади Автомобилското шоу во Лос Анџелес се решени да останат во преден план.

После успешното именување на десет најиновативни и најветувачки нови автомобилски компании минатата година, вклучувајќи ги и „Elio Motors“, „High Mobility“ и „HopSkipDrive“, Лос Анџелес најави дека и оваа година е домаќин на вториот годишен натпревар.

Оваа година, компаниите од автомобилската, мобилната и транспортната индустрија се поканети да ги поднесат нивните апликации. Крајниот рок е 31 јули 2016 година.

Одборот кој вклучува извршни директори од „Google“, „Lyft“, „Pandora“ и „Nvidia“ ќе го направат конечниот избор.

Победниците за 2016 година ќе бидат објавени во септемвриското издание на „Fortune“ и ќе учествуваат во „Automobility LA“, четиридневно шоу кое ќе се одржи од 14 до 17 ноември.

Како ќе се избираат најдобрите? Клучните критериуми вклучуваат широка применливост, веројатност за успех, постојни клиенти, партнери и жиранти; потенцијален приход, бизнис модел и докажан производ.

Што победничките компании ќе добијат освен медиумска изложеност? Надежта е да привлечат нови инвеститори.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија