X
 23.03.2019 Технологија

Сообраќајот драстично ќе се промени во наредните децении

Во наредните години ќе дојде до драстични промени во транспортниот систем. Се предвидува до 2050 година на улиците да преовладуваат електрични автономни возила, а притоа целиот превоз би станал многу почист, попаметен и поефикасен.

- Веруваме дека во иднина ќе дојде до пораст на автономните и електрични возила, но и на услугите на изнајмување автомобили од физички лица. Едноставно, тоа е нашата иднина - вели Лоренс ван ден Акер, главен дизајнер во „Рено“.

Исто така, аналитичарите истакнуваат дека со растот на популарноста на изнајмување автомобили од физички лица, поседувањето сопствен автомобил би можело да стане бесмислено. Додаваат дека автомобилите во иднина нема да бидат статусен симбол, туку дека, иронично, ќе станат она што се - превозни средства.

Ваквите промени се гледаат уште сега и светските гиганти во автомобилската индустрија се свесни за тоа, а доказ за тоа е сè поголемата вклученост на гигантите во таквиот вид услуги. Така, на пример, „Даимлер“ ја откупи компанијата „КарТуГоуу“, додека „Бе-ем-ве“ стана сопственик на „Драјв Нова“ и на „Рич Нова“.

Така, според експертите, целиот транспортен систем во иднина би можел да стане многу почист, попаметен и поефикасен.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија