Северна Кореја ѝ должи 70 милиони долари на Шведска за автомобили „волво“.
Сè започнало во 70-тите години кога Северна Кореја почнала да се смета за привлечно место за странски инвестиции. Шведски компании инвестирале во земјата и соработувале со локални бизниси.
Во рамките на еден договор биле испорачани 1.000 автомобили „волво“ од Шведска во Северна Кореја. Се проценува дека овие автомобили чинеле околу 70 милиони долари.
Меѓутоа, Северна Кореја никогаш не платила за автомобилите. Дипломати ја нарекуваат ситуацијата „најголема кражба на автомобили во историјата“.
Со оглед на тоа што вредноста на автомобилите тогаш изнесувала 70 милиони долари, долгот во денешна парична вредност веројатно е поголем.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay