Шесте амбулантски возила на службата за Итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје се пуштени во употреба, информираат оттаму.
-Со тоа, за прв пат по подолг временски период, ќе имаме на располагање четирнаесет возила. По завршените административно –технички работи, во текот на вчерашниот ден сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема со што од синоќа веќе се во фунција на потребите на граѓаните на Град Скопје и околните места, што се под надлежност на Здравствен дом наСкопје – информираат оттаму.
Факултети.мк пишуваше дека и покрај тоа што ги имаат подолго од три недели, службите за Брза помош кои добија нови возила уште не ги користат. Шест амбулантски возила доби Итната помош во Скопје, а останатите шест ги добија установите во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и во Дебар.
Н.Б.З.