X
 11.07.2019 Живот

Евростат: Во Северна Македонија живеат 2.077.100 луѓе

Северна Македонија на 1 јануари годинава имала 2.077.100 жители, што е за околу 2.000 повеќе во споредба со 1 јануари 2018, покажуваат податоците што ги објави Евростат.

Бројот на населението во земјава за една година е зголемен за 0,9 отсто. Северна Македонија во изминатата година забележала позитивен природен прираст од 1,6 отсто. Лани се родиле 21.300, а умреле 19.700 лица.

Најмногубројно население меѓу земјите во регионот, според Евростат, има Грција - 10,7 милиони, во Бугарија живеат 7 милиони луѓе, во Србија 6,96 милиони, во Хрватска 4,077 милиони, во Албанија 2,86 милиони, а во Црна Гора 626.000 луѓе.

Во ЕУ вкупно живеат 513,5 милиони жители, што е за речиси еден милион повеќе од претходната година.

Најмногу жители, 83 милиони, има Германија, пред Франција со 67, Велика Британија со 66,6, Италија 60,4, Шпанија 46,9 и Полска 38 милиони.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот