X
 04.05.2018 Живот

Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот.“

Гоце Делчев е еден од најистакнати македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Освен тоа што бил револуционер, тој бил и голем тактичар и политичар кој кажал многу мудрости со кои ја предочил македонската идеологија и иднина.

Издвојуваме дел од мудростите кои ги кажал Делчев.

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“


„Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија
на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата - или ќе водиме говеда на касапница.“


„Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.“


„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“


Фото: Wikipedia

„Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“

„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.“

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“

„Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот