X
 11.07.2021 Култура

Боб Дилан: „Никој не е слободен, дури и птиците се врзани за небото“

Името Роберт Ален Зимерман можеби не ви звучи познато, но ако се спомене Боб Дилан, веднаш ќе знаете за кого станува збор.

Американскиот кантавтор, автор и визуелен уметник важи за еден од најголемите текстописци на сите времиња. Боб Дилан бил главна фигура во популарната култура во текот на неговата кариера, која траеше речиси 60 години. Голем дел од неговите песни станаа химни за граѓанските права и антивоените движења. Неговите текстови вклучуваат низа политички, социјални, филозофски и книжевни влијанија, пркосејќи им на конвенциите на поп-музиката.

Во 2008 година одборот за Пулицерова награда му додели посебна награда за неговото длабоко влијание врз популарната музика и американската култура, а во 2016 година Боб Дилан доби Нобелова награда за литература.


Фото: Wikipedia


Во продолжение се некои од неговите цитати и мудри мисли што ги кажал во текот на неговата 60-годишна кариера.

- Никој не е слободен, дури и птиците се врзани за небото.

- Целата вистина на светот се сумира во една голема лага.

- Непостојан сум, дури и кон себеси.

- Херој е некој што ја разбира одговорноста што доаѓа со неговата слобода.

- За да живееш надвор од законот, мораш да бидеш искрен.

- Што се парите? Самиот човек е успешен ако стане наутро и си легне навечер, а помеѓу го прави она што сака да го прави.

- Парите не зборуваат, тие пцујат.

- Се сметам себеси прво за поет, а потоа за музичар. Живеам како поет и сакам да умрам како поет.

- Без оглед на тоа колку пари имате, постојат само два вида луѓе: оние што се спасени и оние што се изгубени.

- Сметам дека не постојат депресивни зборови, туку само депресивни умови.

- Да се биде забележан е товар. Исус го распнаа затоа што луѓето го забележаа. Затоа јас исчезнувам многу често.

- Сите овие муабети за еднаквост. Единствената заедничка работа на луѓето е што сите ќе умрат.

- Некои формули се пресложени и јас не сакам да имам ништо со нив.

Извор: Brainy Quote
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура