X
 01.10.2023 Живот

Фредрик Бакман: „Потребен е еден зрак светлина за да ги избркаш сите сенки“

Фредрик Бакман е шведски писател, блогер и колумнист. Неговите книги се продадени во милионски тиражи низ целиот свет и тој се смета за еден од најпопуларните писатели за сите генерации читатели. 

Една од неговите најпознати книги е „Човекот по име Уве“, книга која на прв поглед е роман за влијанието на еден човечки живот врз другите животи околу него, но станува збор за едно врвно ремек-дело, една трагикомична приказна за раздразливиот старец Уве кој го малтретира целото соседство во обид да има апсолутна контрола.

- Да сакаш некого е како да се вселиш во куќа. Прво се заљубуваш во сè ново, секое утро се чудиш дека е твое, како да се плашиш дека некој одеднаш ќе дојде на вратата и како да се направила сериозна грешка и едноставно не можеш да живееш во толку добро место. Но, како што одминуваат годините, фасадата се распаѓа, дрвото пука и почнуваш да ја сакаш куќата, не затоа што е совршена, туку поради тоа што не е совршена. Ќе ги запознаеш сите нејзини ќошиња и пукнатини. Ќе научиш како да не го заглавуваш клучот во бравата кога надвор е студено. Ќе научиш кои подни штици чкрипат кога ќе згазнеш на нив. Тоа е тоа, сите тие мали тајни што го прават твојот дом.

- Смртта е чудна работа. Луѓето го живеат животот како таа да не постои, а сепак често е една од најголемите мотивации за живеење. Некои од нас, со текот на времето, стануваат толку свесни за тоа, што живеат потврдоглаво и со повеќе бес. На некои им треба нејзиното постојано присуство за да бидат свесни за нејзината антитеза. Други се преокупирани со тоа што влегуваат во чекалницата долго пред смртта да го објави нејзиното пристигнување. Се плашиме од неа, но повеќето од нас се плашат дека смртта може да земе некој друг освен нас. Затоа што, најголемиот страв од смртта е да помине покрај нас и да нѐ остави сами.

- Моќта на литературата е што таа дејствува како мали љубовни писма меѓу двајца луѓе кои можат да ги објаснат своите чувства само со покажување на чувствата на другите луѓе.

- Мажите се она што се поради она што го прават. Не поради она што го велат.

- Потребен е еден зрак светлина за да ги избркаш сите сенки.

- Секој има илјада желби пред трагедија, но само една по трагедијата.

- Им даваме прекари на оние што ги сакаме бидејќи за љубовта е потребен збор што ни припаѓа само нам.

- Најголемата моќ на смртта не е тоа што може да ги натера луѓето да умрат, туку тоа што може да ги натера луѓето да сакаат да престанат да живеат.

- Не сите чудовишта биле чудовишта на почеток. Некои чудовишта се родени од тага.

- Само различните луѓе го менуваат светот. Никој нормален никогаш не сменил нешто.

Извор: Goodreads.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот