X
 14.06.2024 Живот

Пушкин: „Моралните вредности се многу корисни кога треба да ги оправдаме нашите постапки“

Александар Сергеевич Пушкин успеа да се впише во вечноста со вештината на своето перо. Многумина го сметаат за најголем руски поет, како и за основоположник на модерната руска литература.

Иако потекнувал од благородничко семејство блиско до кралскиот двор, неговото дело и желбата за слобода во вистината, која ја преточил во неговата песна „Ода на слободата“, на крајот предизвикале рускиот император Александар I да го избрка од престолнината.

Но, тоа не го спречило младиот Пушкин да се интересира за политички прашања, па во текот на животот им се приклучил на радикалите и се „заплеткал“ во прашањата на грчката револуција.

Неговиот темперамент и бунтовност се одразиле и во неговите романтични интереси, а познато е дека пред бракот со фаталната Наталија им се додворувал на многу мажени дами, што се одразило во најпознатото дело на писателот - „Евгениј Онегин“.

Пушкин го изгубил животот во двобој. Неговите мисли и дела остануваат да живеат вечно, а ние ви пренесуваме неколку негови цитати.

1. „Илузијата што нè издигнува ни е помила отколку вистината што нè соборува“.

2. „Но, кого да сакаме? Кому да веруваме и кого да штитиме? Кој нема да нè изневери на крајот? Кој ќе биде доволно љубезен да ги мери нашите дела и зборови со вистинска мерка?“

3. „Луѓето се како првата мајка Ева, тоа што им е дадено - тоа не им е доволно“.

4. „Не плашете се од навреда, не барајте титули. Прифатете ги и пофалбите и критиките со рамнодушност. Не расправајте се со будала“.

5. „Да знаевте каков пламен гори во мене... пламенот што се обидувам да го изгаснам со разум“.

6. „Живеам за да ги закопам моите желби“.

7. „Подобро е да сонуваш многу неостварени соништа отколку да не сонуваш воопшто“.

8. „Сè додека постои едно срце на оваа земја каде што сè уште живеам, споменот за мене нема да умре“.

9. „Импулсот лежи некаде помеѓу опсесијата и компулсивноста“.

10. „Моралните вредности се многу корисни кога треба да ги оправдаме нашите постапки“.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот