X
 11.07.2022 Наука

НАСА објави неверојатна пробна фотографија од универзумот направена со „Џејмс Веб“

Американската вселенска агенција НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција на 12 јули планираат да ги објават првите фотографии во голема резолуција направени со најновиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“.

Пред официјалното објавување на фотографиите, НАСА откри пробна инфрацрвена фотографија која била направена со еден од инструментите на телескопот за да ја покаже неговата моќност. Фотографиите, кои ќе бидат објавени на 12 јули, ќе бидат од најдалечните делови на универзумот досега, но и оваа што веќе е објавена нуди најдалечен поглед во космосот кога станува збор за инфрацрвената фотографија.



За некои, фотографијата не изгледа импресивно, но она што се гледа се галаксии кои се преполни со сончеви системи. Секоја од малите точки можеби содржи стотици милијарди ѕвезди и планети. На фотографијата се гледаат илјадници далечни галаксии кои нудат поглед во минатото бидејќи светлината и другите облици на радијација патуваат бавно за да стигнат до нас.

„Џејмс Веб“ беше лансиран пред половина година и има цел да овозможи поглед во најдалечните галаксии во универзумот.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука