X
 16.06.2016 Наука

Мистериозен предмет го прекина прстенот на Сатурн

Фотографии испратени од Сатурн, од вселенската сонда Касини на НАСА открија нешто навистина интересно - мистериозниот предмет создал прекин во тенкиот прстен на планетата.

 

1


Од експанзивниот систем на ледени прстени на Сатурн, најнеобичниот од нив е тенкиот „F“ прстен, кој се наоѓа надвор од главниот диск.

Воден од гравитационото влијание на малата месечина на планетата, Прометеј, прстенот често прави чудни шеми и структури.

На 8 април, 2016 година Касини забележа нешто големо и необично по овој тенок прстен.

 

1


Врз основа на големината на Пандора - месечината која се појавува долу десно на анимацијата погоре, на околу 25-та секунда, веднаш после прекинот влегува во видното поле - овој прекин во „F“ прстенот се чини дека е долг околу 700 километри и 100 километри широк.

Која е причината за прекинот?

 

Иако Пандора е многу блиску и најсветлиот дел од прекинот се чини дека е во таа насока, научниците не веруваат дека за него е одговорна Пандора. Иако Пандора некогаш се сметала дека го водела прстенот, во последно се покажа дека Прометеј има силно влијание врз формата на прстенот.

Поголема е веројатноста да била создадена интеракција на мал предмет вграден во самиот прстен и материјалот во јадрото на прстенот. Научниците понекогаш овие карактеристики ги нарекуваатт „авиони“.

Бидејќи овие тела се мали и вградени во самиот прстен, тие се тешки да се забележат од резолуцијата со која располага вселенското летало Касини. Но, мајсторството на научниците успеало да го забележи нивното присуство.

Ова не е прв пат Касини да ги забележи необичните карактеристики на прстенот. Подолу ви нудиме мал примерок на други карактеристики забележани од вселенското летало после неговото пристигнување на Сатурн во 2004 година.


2

 

Како што покажува Касини низ годините, карактеристиките во прстенот се привремени, како резултат на влијанието на разни други објекти околу него. Соодветно на тоа, најновите слики од прекинувањето направени на 10 јуни 2016 година, покажуваат дека случајот се повторува.


Касини оперира на Сатурн веќе 12 години, а мисијата завршува - до 15 септември, 2017 година Касини ќе прикажува фотографии од Сатурн, неговите прстени и неговите месечини. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука