Во 1600-та Галилео Галилеј и еден помалку познат астроном, Симон Мариус ги откриле четирите најголеми од 67-те месечини на Јупитер. Имињата месечините ги добиле по 4-те љубовници на митолошкиот бог.
Ако не сте запознаени со грчко-римската митологија, Јупитер имал и жена - Џунона.
Во 2011 година, кога НАСА ја лансираше сондата Џуно за да направи фотографии од Јупитер. После тоа на 4 јули 2016 година НАСА прими податоци дека сондата успешно влезе во орбитата на Јупитер.
Не требаше долго време за интернет корисниците да започнат да измислуваат вицеви. Така, на Reddit се појави шегата дека Џунона преку Џуно го шпионира нејзиниот сопруг кој постојано ја изневерува. Друг корисник на Reddit ја доврши приказната.
„Јупитер знаеше дека Џунона дозна дека ја изневерува па одлучил да ги сокрие своите афери - затоа се покрил со мантија. Но, не успеал да ја измами Џунона. Кога видела дека се приближува облакот Ио (една од љубовниците на Јупитер и една негова месечина) таа одлучила да го растера облакот за да ја открие неверноста на Јупитер“, пишува корисникот.
Официјално објаснување даде и НАСА, уште во 2011 година.
„Името на сондата Џуно доаѓа од грчката и римската митологија. Богот Јупитер себеси се покри со голем облак за да ги сокрие неговите глупости, но неговата жена Џунона можела да ѕирне низ облаците и да го открие Јупитер“, пишува НАСА.