После 13 години производство, италијанскиот „Фиат“ го прекина производството на „Пунто“, еден од моделите што траел најдолго во историјата на „Фиат“. „Пунтото“ нема да има ниту наследник.
Се смета дека претставникот на италијанската марка во Б сегментот нема да биде заменет со нов модел, бидејќи „Фиат-Крајслер“ планира да ги ослободи производствените капацитети во фабриката Мелфи во Италија, за да се произведува „Масерати СУВ“.
„Пунто“ бил изоставен од плановите на компанијата на почетокот на јуни, кога покојниот Серџо Маркионе открил што конгломератот планира да направи во наредните пет години, односно да се фокусира во најголема мера на „Алфа Ромео“ и „Џип“.
Првата генерација на „Пунто“, што се произведуваше помеѓу 1993 и 1999 година, ја освои титулата „Европски автомобил за 1995 година“, во најголема мера поради практичноста и италијанскиот стил. Биле создадени околу 55.000 кабриолет верзии, што се продаваа низ целиот свет.
Втората генерација стапи на сцена кон крајот на 1999 година и останала во продажба до 2010 година, преклопувајќи се со наследникот. Кога дојде третата генерација во 2005 година, беше наречена „Гранде Пунто“, додека постарата варијанта беше преименувана во „Пунто Класик“.
Традиционалното име се врати во 2012 година, после 7 години на пазар, а се продаваше уште цели 6. Во меѓувреме, новата конкуренција во голема мера го претекна.
Во четврт век „Фиат Пунто“ е произведен во нешто повеќе од 9 милиони примероци.