X
 29.06.2018 Култура

Пет супер трикови за заштеда на гориво

Малкумина знаат вистински совети и трикови како да се намали потрошувачката на гориво кај автомобилот. Со овие пет совети секој може да вози поевтино.

Исклучете ја климата во автомобилот

За жал, ова не е мит – климата навистина го „јаде“ горивото. Клима-уредите функционираат така што моторот на автомобилот преку преносниот ремен го покренува компресорот на климата, што звучи конфузно и комплицирано, но во суштина значи дека моторот дополнително се оптоварува, а со самото тоа троши повеќе гориво. Колку што надворешната температура е повисока, толку климата повеќе троши гориво, па затоа би требало одвреме-навреме да ја исклучувате или барем да не ја држите константно вклучена. Според истражувањето на Швајцарската канцеларија за животна средина, клима-уредот на годишно ниво ја зголемува потрошувачката. Од друга страна, многу високите температури во автомобилите можат да бидат фактор на ризик, па не треба целосно да се избегнува климата, само обидете се да ја користите што поумерено.

Пополека со гасот

Прво и основно правило за заштеда на гориво е – само пополека. Не мислиме буквално да возите пополека, туку да забрзувате и забавувате постепено и пополека затоа што токму при забрзувањето е најголемата потрошувачка на гориво, од причина што тогаш моторот „голта“ од три до четири пати повеќе од вообичаено. Решението е да се навикнете да возите економично, што подразбира рамномерно забрзување со оптимален број вртежи. Кога овој број е пренизок, автомобилот се задушува, а кога е превисок, тогаш буквално го јаде горивото. Поради тоа, треба добро да го познавате својот автомобил и да се навикнете сè да правите пополека. Тоа подразбира и нагли сопирања, кои исто така ја зголемуваат потрошувачката, па би било идеално, кога е можно, да кочите со моторот.

Картичка за попуст

Денес многу бензински пумпи нудат многубројни погодности, како и пригодни попусти, па би требало да ги следите и користите. Картичките за попусти се сè попопуларни во светот.

Држете го автомобилот под сенка

Горивото е течност и лесно може да испари на високи температури. За да не се случи тоа, потребно е да има дотур на воздух, односно капачето од резервоарот да не дихтува добро. Во тој случај многу е важно автомобилот да не биде паркиран на силно сонце затоа што високите температури го забрзуваат испарувањето. Најдобро е автомобилот да се чува во гаража, но ако немате таква можност, тогаш барем паркирајте го под сенка.

Проверете ги гумите

Според некои процени, гумите што имаат слаб притисок можат да ја зголемат потрошувачката на гориво дури и до 15 отсто! Тоа се случува затоа што несоодветно напумпаните гуми го зголемуваат отпорот при тркалањето, па моторот мора дополнително да се ангажира, а тоа по автоматизам ја зголемува потрошувачката. Притисокот во гумите најдобро се проверува кога се студени, најдобро веднаш наутро. Интересно е дека ќе го добиете истиот ефект на зголемена потрошувачка доколку во лето користите зимски гуми.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура