X
 22.10.2021 Технологија

Трошат милиони на софистицирана технологија за автомобили што никогаш не ја користат

Вградувањето високотехнолошка опрема ја зголемува цената на возилото и во тоа нема ништо спорно. Проблемот настанува доколку корисниците воопшто не ја користат бидејќи управувањето со таа опрема ги фрустрира или работите не функционираат како што треба.

Непотребни функции

Секој трет производ на напредни технологии, вграден во модерни автомобили, не бил користен од повеќето сопственици во првите три месеци по купувањето автомобил, се вели во студијата на аналитичарите од компанијата „Џеј-деј Пауер“. Обично сопствениците велат дека не им е потребна функција, но честопати тие дури и не знаат дека нешто постои во нивниот автомобил или воопшто не знаат како да го користат.

2

Еден типичен пример е технологијата на „Бе-ем-ве“ која им овозможува на возачите да ја приспособат јачината на звукот на радиото или да вклучат телефонски повик со движењето на прстот или дланката наместо да допираат екран или копче. Одлична идеја, но втора година по ред оваа технологија имаше најнизок вкупен рејтинг на задоволство во годишниот индекс на американско технолошко искуство, при што сопствениците пријавија 41 проблем на 100 возила.

Неуспешни платформи

Многу вградени технологии често остануваат недоволно искористени, иако се вложени многу пари во нивниот развој. Така, „Џенерал моторс“ опреми милиони автомобили со платформата „Маркетплејс“, која им овозможува на возачите да нарачаат храна, да извршат резервација во ресторани и хотели и да најдат бензински пумпи директно од контролната табла на автомобилот.

3

Но, се чини дека напорот и парите се залудно потрошени бидејќи 61 отсто од сопствениците признаваат дека никогаш не го користат „Маркетплејс“, а 51 отсто велат дека не им е потребна таква услуга.

„Хонда“, „Хјундаи“ и „Тојота“ се потрудија да ја олеснат комуникацијата помеѓу возачите и патниците, па почнаа да инсталираат системи во нивните автомобили што им олеснуваат на оние на предните седишта да разговараат со оние на задното седиште преку микрофон или камера. Но, оваа идеја не заживеа: 52 отсто од клиентите велат дека никогаш не го користеле овој систем, а 40 отсто велат дека не им е потребен.

4

Секој сака камери


Се разбира, ова не значи дека сите напредни технологии се осудени на пропаст. Добро имплементираната технологија е еден од главните мотиви на сопствениците да купат автомобил од ист производител, опремен со иста технологија.

Од сите можни технологии што им се нудат на купувачите на нови автомобили, најпосакувани се оние поврзани со безбедноста, и сето тоа се сведува на едно нешто - камери. Сите видови камери се добро прифатени, од оние што се вградени во огледалата и го прошируваат видното поле до камерите што помагаат при паркирање.

5

Сопствениците на електрични возила, исто така, ја сакаат технологијата што им овозможува да забават или да застанат со кревање на ногата од педалот за гас без притискање на кочницата.

Накратко и поедноставено, извештајот на „Џеј-ди Пауер“ заклучува дека технологијата во автомобилот мора да биде лесна за употреба и добро да му биде објаснета на возачот, во спротивно на вреди за парите, без разлика колку е напредна.

Извор: Bug.hr
Фото: Bug.hr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија