X
 11.08.2019 Технологија

Кина ги распореди првите робо-полицајци

Сега можеме да додадеме уште една иницијатива на сѐ поголемата листа на начини на кои Кина ја користи технологијата за да одржува ред.

Неделава Бирото за јавна безбедност во Хандан распореди три типа на роботи кои ќе им асистираат на сообраќајците во градот. Според владините претставници, распоредувањето на роботите е првата употреба на сообраќајци-роботи во Кина.

Секој од овие три типа на роботи изгледа малку поразлично од другите и ќе има различна функција.

Едниот тип е робот за патрола на патишта и е дизајниран да изгледа како човек сообраќаец, со жолта униформа и бела капа. Тој робот може да ги идентификува возачите и да го фотографира нивното илегално однесување.

Вториот тип е робот-советник. Тој ќе биде поставен во станици за менаџмент на возила, каде ќе одговара на прашања на луѓе и ќе ги упатува каде треба да одат. Исто така, автоматски ќе пријавува во полицијата доколку има ризици по безбедноста.

Третиот тип е робот-предупредувач, кој ќе ги известува возачите кога полицајците треба да се справат со некоја несреќа.

Сето ова јасно покажува дека Кина работи на користење на технологијата во спроведувањето на законите.

Таму веќе се поставени системи за препознавање на лица за да се фатат невнимателните пешаци, а и некои полицајци беа опремени со очила за препознавање лица за да им се помогне во забележувањето на луѓето кои се барани поради поврзаност со криминал.

Ова не е првпат Кина да распоредува роботи-полицајци, тоа се случи и во 2016 и во 2017 година и беше само прашање на време кога ќе се најде начин за користење на роботите за да им се помогне на сообраќајците во одржувањето на редот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија