X
 29.03.2019 Технологија

Научници учат роботи да се репродуцираат и да еволуираат

Таканаречените еволутивни роботичари го покренуваат прашањето зошто да се гради нова и подобрена машина кога сегашните роботи можат да го сторат тоа за вас?

Идејата повикува на хајтек дарвинизам, во кој крајната цел на истражувачите е да дизајнираат вештачка интелигенција и роботи кои може да го анализираат сопствениот изворен код и да се спојуваат со други преку комбинирање битови и делови од нивните кодови со оние на другите роботи - да создадат потомство, слично како органскиот живот.

Исто како што биолошкиот живот еволуира за да ги пополни еколошките ниши, така и потомството на овие роботи може да е подобро адаптирано на нивната околина. А некои истражувачки тимови се на пат да ја направат оваа технологија реалност.

Компјутерските научници во Слободниот универзитет во Амстердам, Холандија, изградиле поедноставен систем кој покажува како роботите во иднина можат да ги разменуваат и комбинираат нивните „генски“ информации.

Нивното неодамнешно истражување, објавено во „Нејчр машин интелиџенс“, кое вклучува програмирање на два робота-родители да кодираат нов „потомок“, покажало дека крајниот потомок содржи мешавина од кодови од родителите, како и некои модули кои изгледа мутирале или биле измешани.

- Ви дава диверзитет и ви дава моќ да истражувате области од просторот на дизајн во кои во нормални услови не би можеле да одите - истакнува Давид Хауар, еден од научниците вклучени во проектот.

По дваесетина години Хауард предвидува дека научниците би можеле да произведуваат евтини роботи кои би правеле обиди за извршување на некоја задача и потоа да ги „одгледуваат“ оние што се поуспешни во нова генерација роботи која станува сè повешта во таа вештина.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија