X
 11.08.2020 Живот

Детето од претходниот брак на мојот партнер е збунето, не знам како да му помогнам

Би сакала да ве замолам за помош и стручен совет. Се работи за синот на мојот партнер, кој е разведен од поранешната сопруга. Тој има 8 години, живее со својата мајка, а доаѓа кај нас секој викенд. При посетите сѐ е во ред, среќен е, ужива, играме, шетаме, постојано правиме работи заедно, не поминува ниту миг сам. Она што ме збунува е односот на детето кога ќе нѐ сретне на улица случајно, бидејќи живееме во близина. Често се случува да не каже ниту збор, ниту да се поздрави, едноставно се крие во мајката и молчи срамежливо како да не се познаваме, иако редовно доаѓа кај нас и очекуваме дека би требало нашиот дом да го смета за сопствен.

Ова е дел од прашање на читателка упатено до психолозите соработници на Деца.мк.
Одговорот на Христина Стефановска прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот