X
 13.06.2016 Живот

Писмо на едногодишно дете до својата мајка

бебе

 

Драга мамо,


Гледам дека понекогаш некои работи околу мене не се јасни и поради нив се вознемируваш. Знам дека ме сакаш и дека ми посакуваш се' најдобро, но слушни што имам да ти кажам.

Можеби мислип дека моето доаѓање на светот беше бурно и силно. Можеби те болеше многу. Сфати ме, мама - како некоја сила да ме тераше да излезам од твојот стомак, иако јас тоа не го барав. Мене ми беше убаво кај тебе, стуткано и сигурно. Ти дишеше наместо мене, ти јадеше за мене. Ме чуваше од сите препреки и ме запознаваше со светот.

Велат дека излегов во моментот кога јас бев спремен да го запознаам светот надвор од тебе. Не знам дали навистина беше така, но вистина е дека многу работи наеднаш ме преплавија. Одеднаш морав да дишам, да знам кога сум гладен, да слушам и да гледам толку работи околу мене. И затоа извини ако на почетокот толку често плачев. Велеа дека можеби сум гладен, но драго ми е што ти не веруваше секогаш. Често причината беше затоа што ми беше топло или студено, затоа што нешто ми пречеше, затоа што имав премногу впечатоци. А многу често и затоа што те сакав тебе мама. Твојата прегатка за мене е магична, запомни го тоа. Некако се навикнав најсигурно да се чувствувам кога ќе те почувствувам тебе.

Знам дека на почетокот имаше денови кога не ми помагаше ниту твојата прегратка. Јас продолжував немоќно да плачам, а ти поради тоа некогаш се чувствуваше неспособна. Немој да ми замеруваш мамо, ниту јас не знам како да ги објаснам тие денови. Некои тоа го нарекува грчеви, а јас не сум сигурен дали е тоа. Да гледаме на тие денови како на нова подготовка за нешто што често ќе ме чека во животот - ситуации кои нема да ми одговараат и во кои нема секогаш да има логика. Јас тогаш ќе се потрудам да ми биде доволно тоа што ти се трудиш и што си тука за мене. После тоа започнаа запчињата. мамо, знам дека во некои моменти помисли дека сум неподнослив поради мојата нервоза. Не сакав ова, не сакав она. Гласното врискање без причина, па уште погласно, па уште погласно. Но, обиди се да замислиш како ми беше мене во тие моменти. Ме боли, ништо не ми е по волја, а не знам тоа да го покажам.

После тоа следуваше спиењето. Мачење од првиот ден, се сеќавам. Па се прашуваш дали ми е топло, дали ми е ладно, да не ме боли нешто, да не сонував нешто лошо - илјада прашања. Понекогаш погодуваше што ми пречи, но често не. Затоа што не можеше. Не ми фалеше ништо, но јас повторно се будев. Затоа што сум мал. Затоа што во текот на денот толку информации примам во мојата глава, што таа навечер ме тера да станам и сите тие податоци да ги обработам. Понекогаш толку силно што не можам да дочекам да дојде утре за јас да играм. Знам јас што е ден, а што ноќ. Со текот на времето го научив тоа, но зошто морам да си играм само во текот на денот, а не навечер? Овие ваши возрасни правила понекогаш ми пречат.

Нокширчето е друга приказна. Имавме добар почеток, но потоа ми стана досадно. Немам трпение мамо, да седам и да чекам. Толку многу работи треба да се истражуваат околу мене.

Знај дека мојот живот стана многу поинтересен кога проодив. Не знаев каде попрво да гледам, што прво да допрам, што да фрлам. Ги испробувам звуците, учам да се движам по тактовите на музиката. Толку работи има за истражување. И не ми се допаѓа кога вие ме ограничувате. Понекогаш се обидуваш да ми објасниш зошто нешто не смеам да го направам и чувствувам дека тогаш се плашиш да не се повредам, но не разбирам многу што ми зборуваш. Но, биди упорна, веројатно еден ден ќе сфатам. Само немој многу да ми забрануваш, те молам, мама. Тоа за мене би била најголемата казна.

Само ме сакај и покажувај ми го тоа.
Биди трпелива со мене, ќе научам.
Не ми забранувај многу, туку покажи ми како и што можам.
Запознај ме подобро. Во некои работи сум поразличен од другите деца.

И прегрни ме уште еднаш мама, и не се грижи! Ќе биде подобро, ќе видиш!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот